Во Бразил формирана нова Влада

Вршителот на должност претседател на Бразил, Мишел Темер вчера формира нова Влада, јави ТАСС.
Церемонијата на стапување на должност се одржат во официјалната резиденција на претседателот, палатата Планалто во главниот град Бразилија.
Во првото обраќање пред Бразилците како претседател Темер изјави дека негов приоритет ќе биде заживувањето на бразилската економија.
Досегашниот заменик-претседател ја презеде претседателската функција вчера, откако Сенатот гласаше за отстранување од функцијата на Дилма Русеф во рамки на процедурата за импичмент.
Темер повика кабинетот составен од него да се претвори во Влада за национален спас, како и земјата да се обедини.
- Имаме итна потреба да ги надминеме поделбите во општеството и да ја обединиме земјата. Итно ни е потребна влада на национален спас, посочи тој.
- Целосно сум уверен дека треба да ја вратиме довербата кон Бразил и да привлечеме инвестиции и да создадеме работни места, нагласи 75-годишниот Темер.
Ново на Сител
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
