Свет
4. January 2018 - 8:46

Во Бразил трета министерска оставка за еден месец

Министерот за индустрија на Бразил Маркос Переира поднесе оставка, што е трета оставка на министер во бразилската Влада за еден месец.

Писмото со оставката Переира го објави на Фејсбук, по информациите дека се очекува во октомври да биде кандидат на Бразилската републиканска партија за член на Конгресот.

Тој во писмото наведува дека функцијата ја напушта поради „лични и партиски“ причини и му се заблагодарува на претседателот на Бразил Мишел Темер, кој го назначи на таа позиција.