-->
-->
Во Бреша нападнат центар за вакцинација
-->
Непознати лица фрлија рано утрово во Бреша фрлија два молотови коктели и делумно го оштетија центарот за вакцинација, шатор поставен во центарот на градот за имунизација и тестирање на Ковид-19, јави весникот „Ил Фато Котидијано“.
Локалната полиција соопшти дека избувнал пожар, но нема повредени. Предизвикана е материјална штета, но не е оштетен делот каде се наоѓа медицинскиот материјал.
Засега не е позната причината за нападот, ниту кој го извршил.
Весникот потсетува дека пред две недели, сличен напад со фрлање запаливи шишиња, беше извршен на влезот во Вишиот институт за здравство во Рим, институција што ги анализира епидемиолошките мерки и дава упатства за заштита.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: И покрај гаранциите, КФОР не ги заштити Србите ниту го спречи насилното преземање на власта
-
Мицкоски: Никогаш нема да прифатам да се свитка кичмата на Македонија
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи за промена на Уставот под овие околности и со овој бугарски диктат
-
Вучиќ: Курти од првиот ден има само една цел – крвопролевање
-
Над 50 лица се повредени во судирите во Звечан по судирот на Србите со косовската полиција и КФОР
-
Милан го и следната сезона ќе игра во ЛШ
-
Утре во Скопје изменет сообраќаен режим
-
Лефков: Законите за коридорите поминаа со европско знаменце и злоупотреба на македонското Собрание