Во Брисел почна самитот на лидерите на ЕУ за Брегзит

Во Брисел почна вонреден самит на лидерите на Европската унија, на кој се разговара за претстојното излегување на Велика Британија од таа организација.
– Дојдов на самитот со барање до лидерите на Европската унија да го одложат Брегзит на краток рок, изјави британската премиерка Тереза Меј при влезот во седиштето на Европската унија.
Истакнувајќи дека Велика Британија веќе требаше да излезе од Унијата, Меј рече оти е тажна, бидејќи британскиот Парламент не го одобри договорот за Брегзит што британската Влада го постигна со официјален Брисел.
– И натаму тврдам дека овој договор може да обезбеди меко и уредно разидување, рече Мај, додавајќи дека работи напорно и преговара со британската опозиција за што поскоро да биде надминат проблемот.
– Барам одложување на Брегзит до 30-ти јуни. Целта на овој самит е да се обезбеди пролонгирање на Брегзит за да можеме во тој период да го усогласиме договорот за регулирано разделување, рече Мај.
Таа тврди дека е можно британскиот Парламент да го одобри договорот за Брегзит до 22-ри мај.
Ново на Сител
-

На сила новите мерки за цените на горивата на бензинските станици во Германија
-

Научните докази покажуваат дека вејпингот веројатно предизвикува рак на белите дробови и усната шуплина
-

Провејува снег во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато
-

Трамп изјави дека САД ќе ја „довршат работата“ во Иран за „можеби две недели“
-

Мицкоски на отворањето на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба
-

Македонските фудбалери одиграа без голови во Даблин
-

Државниот архив одбележува 75 години од основањето
-

Облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h
