Бизнис
11. February 2017 - 9:12

Во Брисел завршија преговорите загрчкиот долг без постигнување договор

Преговорите меѓу Грција и кредиторите во Брисел завршија без постигнување на договор.

Шефот на Еврогрупата Јерун Диселблум изјави дека има напредок со грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос и претставници на ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд, но не соопшти детали.

„Секому е јасно дека е во интерес на сите да се постигне брзо решение", се вели во кусото соопштение на Диселблум. 

Грчката Влада треба да исплати седум милијарди евра од своите заеми во текот на летото, но нема да биде во можност да го направи без отпуштање на нови транши од спасувачкиот план во износ од 86 милијарди евра.

Во замена за овој спасувачки план Атина треба да изврши големи економски реформи, вклучувајќи и на пензискиот систем.

Во вторникот ММФ предупреди дека иако Грција треба да продолжи со реформите, нејзините европски партнери треба дополнително да го олеснат грчкиот долг, за да биде вратен на „помирно ниво", забележува ДПА

Министрите за финансии од еврозоната ја исклучија можноста за ново намалување на грчкиот долг.