Во Бугарија укината вонредната пандемиска состојба, некои мерки остануваат
Од денеска се укинува вонредната пандемиска состојба во Бугарија, а некои антиепидемиски мерки се уште остануваат.
Oд денеска се укинува барањето за задолжително носење заштитни маски во затворени јавни места, одржување физичка дистанца, за ограничување на бројот на лица кои можат истовремено да бидат во затворен простор, како и за забрана за посета во болниците.
Носењето заштитни маски останува пожелно за места каде што се собираат многу луѓе.
Од денеска до 15 мај 2022 година, сите лица, без разлика од која земја доаѓаат во Бугарија, ќе треба да приложат валиден дигитален сертификат на ЕУ за вакцинација, за прележаност на болеста, тест или сличен документ што ги содржи истите податоци. Лицата кои нема да достават барем еден од овие документи ќе бидат примени на територијата на Бугарија, но ќе бидат ставени во 10-дневен карантин.
Ново на Сител
-
Најголем број од повредените од Кочани се во скопските клиники
-
Во тек се рочишта за пожарот во дискотеката во Кочани, се уште тече истрагата на ЈО
-
Се уште нема нови информации од информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Заклучена врата за излез во случај на опасност, слаба заштита и незаконски огномет - низа пропусти во клубот во Кочани
-
Пациенти од Штип и Кочани се пренесуваат на скопските клиники
-
Повеќе од 4 часа трае информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Повредените хоспитализирани во Скопје и земјите од регионот
-
Коцевски: Се бара краткотраен притвор за 10 лица, ова е ерозија на системот