Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија
Бугарската Влада на вонредна седница ќе донесе одлука вторник (18 март) да биде прогласен за Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија, изјави премиерот Росен Жељазков пред новинарите во селото Дамјаница, општина Сандански, јави БТА.
Жељазков уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во болници во Софија, Пловдив и Варна.
- Подготвени сме да примиме уште повредени, но тоа зависи од нашите колеги од Северна Македонија. Во постојан контакт сме, нашиот амбасадор е на терен и ја следи ситуацијата. Изразивме подготвеност и имаме капацитет за тоа. Обезбедивме услови семејствата на повредените да дојдат во Бугарија за да бидат во контакт и да им пружат поддршка, изјави шефот на бугарската Влада.
Тој додаде дека трагедијата ги надминува секојдневните политички и општествени разлики. - Во вакви тешки моменти, човечките чувства и солидарност доаѓаат до израз. Верувам дека нашите народи ќе ги остават настрана дневните предизвици и ќе бидат единствени во овој ден, потенцираше премиерот на Бугарија.
Инаку, во знак на солидарност со Македонија, денеска е Ден на жалост во Србија и во Црна Гора
Ново на Сител
-
Вучиќ во посета на повредените од Кочани кои се на лекување во УКЦ на Србија
-
Амбасадорката на Србија Јовановиќ: Дел од повредените и денеска патуваат за Белград
-
Демолирани локалите на газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Собранието отвора Книга на жалост за настраданите во несреќата во Кочани
-
Протест во Кочани
-
Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа
-
Увидните дејствија за несреќата во Кочани сѐ уште траат, велат од ЈО
-
Заеднички час на платото на УКИМ, студенти и професори оддадоа почит на жртвите