Во центарот на Штип интензивно се гради новата платформа за паркирање
Новата платформа за паркирање на возила, која се гради над коритото на реката Отиња, кај Трговскиот центар во Штип ќе биде изградена за еден месец, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Со изградба на оваа платформа се обезбедуваат 50 нови паркинг места во центарот на градот. Вредноста на проектот изнесува 7.827.733 денари со вклучено ДДВ.
- Денеска се наоѓаме во централното градско подрачје кадешто веќе неколку дена и недели во тек е изградба на новата платформа со паркинг простори во централното градско подрачје. Тоа е една од мерките којашто ја превземаме за растеретување на сообраќајниот хаос во центарот на градот. Сведоци сме дека во изминатиот период, а и денеска се поголем проблем е паркирањето во општина Штип и ние како Општина не смееме да останеме неми и да гледаме како овој проблем станува се поголем, рече Бочварски.
Тој истакна дека се прави и испитувања за изградба науште една паркинг платформа кај Спортско рекреативниот центар „Џексон“ која што дополнително ќе го олесни паркирањето на граѓаните на Општина Штип.
Ново на Сител
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла
-
Почина мотоциклистот по вчерашната несреќа во Ѓорче Петров
-
21-годишник лишен од слобода поради управување возило под дејство на алкохол
-
Почетокот на ГН на Австралија може да биде одложен поради закана од силен дожд
-
Омерагиќ: Во ФФМ затекнав состојба покомплицирана од очекуваното
-
Сабаленка пред финалето со Андреева: Како да играат стара мајка со дете
-
Во Илинден пронајдени човечки коски во шахта
-
АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор