Во четврток проекција на „Врба“ во Крива Паланка

Во четврток, 7 ноември, со почеток во 20 часот и 15 минути во кино салата на Национала установа Центар за кулутра Крива Паланка, премиерно ќе биде прикажан најновиот игран филм на Милчо Манчевски, „Врба“.
Од НУЦК Крива Паланка информираат дека поради големиот интерес за филмот, билетите се веќе пуштени во претпродажба, по симболична сума од 100 денари.
-Граѓаните во последниот период пројавуваат се поголем интерес за кино-прокециите, во изминатите два месеци во нашата установа беа прикажани бројни интересни филмски остварувања, филмови за деца, имавме три проекции на „Медена земја“, а по најавата за прикажување на „Врба“, интересот на граѓаните е исклучително висок. Поради тоа билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата секој ден од 15 часот и 30 минути до 20 часот, информира Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК, Крива Паланка.
Филмот „Врба“ го сруши рекордот на најгледана премиера на македонски филм во скопското кино „Синеплекс“, кога истовремено, на први месецов, беше прикажан и во Битола, Охрид и Штип, Струга и Кичево.
Вчера филмот се прикажа во Прилеп и Свети Николе, во четврток ќе биде проектиран во Крива Паланка, на 9 ноември во Гевгелија, во Кочани и Македонска Каменица на 14-ти.
Светската премиера на „Врба“ беше на 19 октомври на Римскиот филмски фестивал. Новиот филм на Манчевски ја освои и домашната публика со горчливата порака дека „Мајка не раѓа, мајка сака“.
Ново на Сител
-

Македонскиот документарен филм ,,Приказната за Силјан‘‘ освои награда за најдобар филм и најдобра камера
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски
-

Мицкоски доби трет мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и вети одговорност
-

ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес во Кавадарци - Мицкоски единствен кандидат за претседател
-

Сестринските партии со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат
-

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добива милонски тендери од државата, Томовски најавува тужба за клевета
-

Тајмс: Северна Македонија во преговори за прием на азиланти - Владата негира, амбасадата ниту потврдува, ниту демантира
