Во Црна Гора уапсена новинарка поради предизвикување паника со лажна вест
Полицијата во Подгорица ја приведе А.Ѓ. (26) под сомнение дека сторила кривично дело – предизвикување паника и немири, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи.
Таа како главен уредник на порталот за ФОС медиа, како автор на текст објавен на порталот во неделата со наслов „ФОС открива: Членови на РОСУ на располагање во Црна Гора за Божиќ“, предизвика паника во јавноста со презентирање лажни вести преку медиум.
Во написот се вели дека „околу 250 припадници на единицата РОСУ – Специјална косовска единица, ќе бидат достапни на црногорските безбедносни органи на денот на собир во Подгорица закажан за денеска“ на Бадник.
Надлежниот државен обвинител рече дека „во постапките на А. Ѓ., елементите на кривичното дело биле да предизвикаат паника и немири, и дека таа ќе биде лишена од слобода и со кривична пријава изведена во надлежното обвинителство“.
„Треба да се напомене дека се во тој текст беше апсолутна лага и обид за ширење дезинформации, насочени кон ширење паника и немири, а поголеми последици беа спречени со реакцијата на надлежните државни органи“, се вели во соопштението на црногорското МВР.
Ново на Сител
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо
-
Гласаат болните, изнемоштените и затворениците пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места
-
Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор
-
Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години
-
Косовската полиција во филијалите на српската Поштенска штедилница во северно Косово запленила 1,6 милиони евра и 74,7 милиони динари
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено