Во црногорското МВР откриена измама од над еден милион евра
Во црногорското Министерство за внатрешни работи е откриена измама од над еден милион евра од донации на ЕУ, изјави потпретседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.
Тој на прес-конференција истакна дека станува збор за злоупотреба на донации од ЕУ наменети за набавка на опрема за надзор на морската граница кон Хрватска и Албанија.
– Борбата против корупцијата и организираниот криминал останува приоритет. Откриен е прв поголем случај, кој нема да биде единствен. Станува збор за измама од над еден милион евра од донации на ЕУ. Набавената опрема не е во функција повеќе од една година. Немаме евидентни докази, но голема е можноста да се вршел шверц во тој период, можете да замислите во колкави размери, нагласи Абазовиќ.
Потпретседателот на црногорската Влада потврди дека за овој случај се известени европските партнери.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ