Во Дебар безбедносната состојба стабилна
Безбедносната состојба на подрачјето кое со својата активност го покрива Одделението за внатрешни работи од Дебар е стабилна.
– Во последното деноноќие на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, не е регистрирано непочитување на одлуката за забрана за движење. Исто така во двете општини, кои се под надлежност на Одделението за внатрешни работи од Дебар, не е евидентирано нарушување на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Според него во самоизолација се 17 лица и кај нив извршена е контрола од страна на полициски службеници.
Полициската статистика потврдува дека во ова подрачје, во кое како прво жариште на коронавирусот беше прогласена кризна состојба од 13 март до 13 април, строго се почитувала одлуката за забрана за движење. Не се регистрани ниту нарушувања на јавниот ред и мир, нема сообраќајни незгоди, а евидентирана е само една кражба и едно нелегално преминување на албанско-македонската граница.
Во Дебар по повеќе од еден месец, за првпат, претходното деноноќие, три лица ги прекршиле мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад
-
Мицкоски: Бугарскиот парламент да го ратификува пристапниот договор па потоа уставни измени
-
Мицкоски: Да не се врши притисок врз Уставен
-
Анализа: Што ќе се случува со ЗЕЛС ако општините продолжат да ја напуштаат организацијата?
-
Владата ќе бара решение за да не пораснат функционерските плати
-
Многу жени не одат на закажан скрининг за рак на дојка – Пациенти со симптоми пак чекаат со месеци за мамографија
-
Ситуацијата кај Буково алармантна
-
Министерството за дигитална трансформација отвори прв општински центар за услуги