Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста 30 лица

По вчерашниот негативен рекорд од 18 новозаразени, во последното деноноќие во Дебар регистриран е еден случај позитивен на Ковид-19.
Со тоа моментната вкупна бројка на заразени изнесува 82 лица,од нив оздравени се 48, починаа четворица, додека активни на болеста се 30. Во самоизолација се шеесеттина лица, дел од нив на задолжителна самоизолација по пристигнувањето од странство.
Во Дебар, првите случаи на заразени од Ковид-19 беа потврдени на 26 февруари, двајцата сопружници од Центар Жупа, по нивното враќање од Италија.Како прво жариште на опасниот вирус, со 11 заразени на 13 март беше прогласена кризна состојба, која траеше еден месец. Во првата фаза беа регистрирани 51 заразен,од кои 47 беа излекувани додека четворица починаа.
По точно педесет дена,коравируот во ова подрачје се врати на петти јуни, кога позитивен резултат беше добиен кај жена од селото Долно Косоврасти. Од тогаш до денес регистрирани се 31 случај,од нив 18 вчера,што беше и најголем број потврдени позитивни случаи од почетокот на пандемијата.Првиот пациент веќе е впишан во списокот на оздравени.
-Непочитувањето на мерките од страна на граѓаните и протоколите во деловните објекти, како и зачестената фрекфенција на наши граѓани во другите делови во државава и обратно, се причините за повторното враќање на опасниот вирус во нашето подрачје. Состојбата може да се оцени како алармантна,затоа што според проценките на здравствените работници од оваа област, се очекува бројот на новозарзените да се зголеми, изјави Хекуран Дука, градоначалник на Дебар кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.
Ја посочува загириженоста од фактот дека новозаболените се од 20 до 30-годишна возраст и напоменува дека е потребна целосна дисциплина, како што беше на почетокот на пандемијата во справувањето со невидливиот непријател.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
