Во Дебарско права од социјалната заштита остваруваат 1.388 корисници
Одредено право од социјалата заштита во општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарскиот Меѓуопштински центар за социјална работа остваруваат 1.388 корисници.
Најголемиот број отпаѓа на правото на социјална парична помош, кое го остваруваат 621 корисник, со околу 2.000 членови на нивните домаќинства.
- Поголемиот број од корисниците се од општина Дебар, додека околу 20 отсто се од општина Центар Жупа. Споредено со истиот период лани , бројот на корисниците е помал како резултат на тоа што дел од поранешните корисници се вработиле, се пензионирале или заминале на работа во странство. Мал е бројот на оние кои го изгубиле правото зашто заминале како азиланти во некоја од земјите на ЕУ, вели директорот на Меѓуопштински центар за социјална работи, Крешник Пачуку.
Преку Центарот одредени категории граѓани остваруваат и други права.
Така, помош и нега од друго лице добиваат 437 корисници, цивилна инвалиднина оставруваат девет лица, постојана парична помош 127 корисници, 174 лица право на мобилност, слепило и глувост, а месечно во просек по 20 лица добиваат и еднократна парична помош.
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот