Во Дебарско се одбележува празникот Курбан Бајрам
Со утрински намаз, во сите 35 џамии во дебарското муфтиство, почна одбележувањето на големиот муслимански празник Курбан Бајрам.
Главната празнична церемонија во Дебар се одржа во новата Саат Кула џамија, каде имамот Зибер Љата го предводеше намазот, а заедно со верниците беше и градоначалникот Ружди Љата, поранешен дебарски муфтија.
Градоначаникот Љата, како и неговите колеги од Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди и Центар Жупа, Ариан Ибраим, по повод празникот упатија честитка со желби за добро здравје, љубов, мир, разбирање, толеранција и благосотојба.
Верниците, мажи, по традиција, по намазот, ги посетуваат вечните почивалишта на нивните најблиски. Тие до пладне одат во посета на роднини и пријатели, а по семејниот ручек, тоа го прават жените.
Овој празник уште се нарекува и Аџи Бајрам, бидејќи во светите места Мека и Медина се реализира и петтиот столб од исламот- аџилакот. Од дебарското муфтиство, кое ги опфаќа Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река годинава на аџилак се 36 верници.
По традиција, денеска и во наредните три дена (празникот се слави четири дена), покрај меѓусебната посета на верниците од исламска религија, нивни гости ќе бидат и оние од православна веросиповест, како што тоа во овие краишта е со векови.
Инаку, за овој празник, според Здружението на сточарите во трите општини, продадени се околу 2.000 овни кои се принесени за курбан
Ново на Сител
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот