-->
-->
Во Делчево ќе се гради нов зелен пазар
-->

Во Делчево ќе се гради нов зелен пазар, за кој долго време има техничка документација и локација покрај долниот мост на реката Брегалница, предвидена со ДУП, а има можност за реализација согласно со повикот од Владата на РМ преку Агенцијата за поддршка на руралниот развој .
Тони Стоименовски од ЛЕР на Општина Делчево за МИА истакна дека огласот со кој општините можат да аплицираат по мерката 123 за изградба на нови зелени пазари е распишан пред еден месец, а Делчево ја искористи оваа можност и аплицираше со проект со кој, ќе се реши прашањето со градскиот пазар.
- Мерката предвидува инвестиција од државата во износ од 50 проценти од вредноста на целиот проект, а обезбедување на вториот дел од средствата, најверојатно, ќе биде преку процес на јавно- приватно партнерство. За таа цел сите заинтересирани кои имаат интерес да направат увид, ние ќе им ја овозможиме на увид целата документација, рече Стоименовски.
Проектот за нов зелен пазар предвидува изградба на отворен и затворен зелен пазар, мини трговски центар, автоперални, дискотеки, односно сите содржини кои ги има еден таков објект. Според техничката документација, вредноста на овој проект со целата инфраструктура е околу 2, 6 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
