Во државава пристигнаа уште 44 Авганистанци

На Меѓународниот Аеродром во Скопје попладнево пристигнаа 44 Авганистанци. Тие се втора група авганистански граѓани кои привремено ќе бидат згрижени во нашата земја, а се евекуираат од Авганистан откако талибанците ја презедоа власта во таа држава.
Авганистанците кои пристигнаа попладнево се активисти од организацијата Тиркиз моунтејн (Тurquoise Мountаin), а меѓу нив има и членови на нивните семејства. По слетувањето е предвидена стандардна процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.
Како што информираат од Владата, овие лица ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до крајна нивна дестинација. Трошоците и за оваа група ќе бидат целосно покриени од меѓународните организации.
Тиркиз моунтејн е организацијата основана во 2006 година од принцот Чарлс со хумана мисија која изминативе години имаше свои успешни активности во Авганистан. Како што информираат од Владата, оваа организација реставрираше повеќе од 150 историски објекти, третираше околу 165 илјади пациенти во клиниката во Кабул, отвори и поддржа повеќе од 50 мали бизниси во Авганистан, Мјанмар, и други активности.
-Република Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот, велат од Владата.
Првата група од 149 Авганистанци во земјава пристигнаа на 30 август, меѓу кои и жени и деца. Станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
-

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот
-

Приведен директор на испекторат за земјоделство за примање поткуп
-

Со исти предизвици Сојузот на здруженија на дијабетичари одбележува 25 години од основањето
-

Муслимани на Блискиот Исток го слават Бајрам под строги рестрикции и воени тензии
