Македонија
18. December 2016 - 16:25

Во два дена, две несреќи на Попова Шапка при пад од карпа

Полициски специјалци и нивнин  колеги од алпинистичкиот тим за 12 часа вчера на два пати спасуваа повредени планинари на Шар Планина  34- годишна жена и 17- годишно момче кои имале повреди поради паѓање биле спасувани со хелихоптер.

Приот случај се бележи вчера околу 13 часот кога 34 годишната жена од Скопје лизнанала и паднала во дол во близина на месноста Бакардан која се наоѓа на потегот од Попопва Шапка Кон Титоов врв.  По падот здобила потешки повреди, но без да и се загрози животот. Полициски службеник кој бил на местото ги алармирал колегите во МВР. Била пратена екипа од специјалци и алпинисти кои по два часа успеале да ја извлечат со хелихоптер и да ја однесат во болницата 8 септември во Скопје на санирање на повредите.

Уште потешка задача за извлекување повреден планинар на истото место Бакардан полициските специјалци имале ноќеска околу по 1 часот 30 минути.  Во тоа време жител на Скопје во МВР пријавил дека тројца планинари на мобилен му кажале дека се наоѓаат на Бакардан и дека едниот од нив, инаку на 17 години, е тешко повреден.

И тој се лизнал од замрзната карпа по што здобил повеќе скршеници. По пријавата се правени обиди телефонски да се стапи во контакт со групата, но поради непокриеност на мрежата тоа не успеало.

Околу 3 часот и 15 минути кон местото каде што е пријавено дека се случила несреќата се упатиле двајца планинари опремени со соодветна опрема за пружање помош во посебни услови. Планинарите биле пронајдени и со хелихоптер, повредениот малолетник, бил однесен во клиничкиот центар во Скопеј за да му се укаже медицинска помош.