Во Египет извршени 11 егзекуции на осудени за убиство
Египетските власти денеска егзекутираа 11 лица осудени за убиство, информира безбедносен извор.
Смртната казна за цивилите осудени во Египет, најнаселена арапска земја, се спроведува со бесење.
– Единаесет лица се погубени во затворот Борг ал-Араб во близина на градот Александрија, изјави за светските агенции безбедносен извор под услов да остане анонимен.
– Сите биле осудени за убиства во последните неколку години во провинциите Александрија и Бехаира, рече тој.
Последните егзекуции се извршени откако во саботата биле обесени петмина други осуденици, од кои три жени, рече изворот.
Амнести Интернешнл во декември го „големиот пораст на егзекуциите“ под водство на претседателот Абдел-Фатах Сиси кој дојде на власт откако армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси во 2013 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови