Во Египет откриена ограда стара повеќе од 3.500 години
Археолози на местото на древната престолнина во северниот дел на делтата на Нил пронајдоа „џиновска ограда“ стара повеќе од 3.500 години, соопшти Министерството за антиквитети во Египет.
До откритието дојоа истражувачи од Австрискиот археолошки институт.
Се верува дека оградата, од време на Средното египетското кралство, била дел од градските ѕидини, изјави министерот за антиквитети, Мамдух ел-Дамати, додавајќи дека станува збор за периодот кога Египет го освоиле Хиксите, антички азиски народ, исто така познати и како „Владетелите на пустината“.
Во соопштението на министерството се наведува дека конструкцијата, долга најмалку 500 метри и широка седум метри, е пронајдена во местото Тал ел-Даба, во провинцијата Шарки, на чија територија некогаш се наоѓал градот Аварис, главен град на династијата Хикси во Египет.
Ново на Сител
-
Не го чувајте чоколадото во фрижидер
-
Путин: Во Украина ќе се постигнат сите поставени цели
-
ЦУК: 1.643 повици на 112
-
Спасен пливач од Дојранското Езеро
-
Расчистени диви депонии во Бутел и Чаир
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пронајдена почината изгубената планинарка на Шар Планина
-
Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени