Свет
13. October 2019 - 15:07

Во експлозија во Кенија загинаа 11 полицајци

Најмалку 11 кениски полицајци се убиени во експлозија на бомба на југот на земјата, во близина на границата со Сомалија. Тие загинаа кога возилото во кое биле налетало на рачно направена бомба, во близина на местото Либој.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот досега, но осомничени се екстремистите од исламистичката група Ел-Шабаб од Сомалија.

Групата, поврзана со Ал Каеда, последниве години честопати вршеше напади врз кениските безбедносни сили. Групата се „заколна“ дека ќе се одмазди на Кенија, затоа што во 2011 година ги испрати своите сили во Сомалија да се борат против нивните борци.