-->
-->
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-->

Три тони кокаин, кои на пазарот достигнуваат вредност од 90 милиони долари, се запленети во Еквадор, кои, според тамошните власти ѝ припаѓаат на албанската мафија, која е поврзана со колумбиските и мексиканските нарко-картели.
Како што јавија албанските медиуми, дрогата била откриена пред два дена на фарма во југозападниот град Гвајакил. Кокаинот бил скриен во камион полн со пакети со банани, кои биле спакувани со различни логоа, подготвени да бидат транспортирани до пристаништето.
Во полициската акција уапсени се пет лица.
Еквадорските власти операцијата ја оценија како голем удар врз албанската мафија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
