Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците

Повеќе од 400 средни училишта во Франција денеска ќе бидат затворени поради продолжувањето на протестите и блокадите на училиштата, соопшти министерот за образование Едуар Жефре.
Тој синоќа наведе дека во одделни училишта наставата ќе биде организирана на далечина, пренесува телевизијата БФМ.
Протестите на средношколците, кои бараат поголеми издвојувања за образованието, вчера се проширија и на универзитетите, а во повеќе градови се забележани судири и материјална штета на училишните објекти.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера низ земјата се уапсени 1.949 лица во врска со блокадите на училиштата, додека повеќе од 1.000 образовни установи биле опфатени со протестите, вклучувајќи 222 блокирани училишта. Повредени се 305 полицајци и припадници на жандармеријата.
Владата соопшти дека ситуацијата во одделни места прераснала во урбано наилство, додека за денеска се воведени забрани за собири во близина на училиштата кои ќе бидат затворени.
МИА
Ново на Сител
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
