Во Франција повторно протести поради пензиските реформи
Француските синдикати, кои од јануари организираат протести против пензиската реформа, за денеска најавија нови протести и тоа ќе бидат први по неодамнешното усвојување на Законот за пензиски реформи.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека дополнителни 12.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени низ целата земја, од кои 5.000 ќе бидат во Париз.
Тој повтори дека во Франција има слобода на изразување, но не и право да се создаваат немири и инциденти на улични протести.
Денеска се очекуваат помеѓу 600.000 до 800.000 демонстранти на 320 различни места во Франција. Најпогодени од штрајкот се транспортот, образованието и енергетиката. Најмалку 40 отсто од наставниците во училиштата ќе излезат на улица, а поради блокадите во рафинериите, 13 проценти од бензинските пумпи веќе се без гориво.
Француската управа за цивилно воздухопловство денеска побара од авиокомпаниите да откажат околу 30 отсто од нивните летови на аеродромот во Париз Орли и 20 проценти на другите аеродроми. Ер Франс најави дека ќе ги задржи сите летови на долги релации, особено на меѓународниот аеродром во Париз Роаси-Шарл де Гол.
Се очекува да има прекини и во железничкиот сообраќај.
Синдикатите кои ги организираат протестите вчера по интервјуто на Емануел Макрон изјавија дека се разочарани, додавајќи дека францускиот претседател покажал „презир кон милиони демонстранти“.
Ново на Сител
-

Цената на нафтата расте по обраќањето на Трамп за Иран
-

НАСА ја лансираше мисијата Артемис II, прв лет со екипаж кон Месечината по повеќе од половина век
-

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу брзо, исклучително силни напади во наредните недели
-

Возел во спротивна насока, а кога бил запрен му се заканувал на полицискиот службеник, приведен вработен во МВР
-
Без струја делови од Илинден, Кисела Вода и Центар
-
Облачно со дожд, на повисоките местa и снeг
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
