Во Франција продолжува да се намалува бројот на заразени со Ковид-19 кои се на интензивна нега
Епидемијата на коронавирусот предизвика 31 нови смртни случаи за 24 часа во француските болници, каде бројот на пациенти во интензивна нега продолжува да паѓа, се вели во извештајот објавен од страна на Генералната дирекција за здравство, јави дописникот на МИА.
Со ова вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата се искачи на 28 833, но бројките за смртни случаи во социјалните и медицинско-социјалните установи (домовите за стари лица) не се ажурирани од петок и тие треба да бидат објавени во вторник.
Вечерва на интензивна нега се наоѓаат 1.302 пациенти со тешка форма на Ковид-19, односно 17 помалку во споредба со извештајот од вчера. На болничко лекување се наоѓаат 14 288 лица (пред една недела беа 16 798-, односно само 89 нови приеми во последните 24 часа.
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада