Во Франција протест против носењето заштитни маски
Околу 300 луѓе се собраа на протест на Плоштадот на Републиката во Париз за да го искажат своето незадоволство од наредбата за носење заштитни маски.
Собири против задолжителното носење маски, кое го воведоа француските власти, се одржуваат и во голем број други поголеми градови во земјата.
Повеќето протести беа организирани на социјалната мрежа Фејсбук, и иако се пријавиле илјадници парижани, само околу 300 луѓе излегле на плоштадот.
Тие носеа транспаренти „Долу санитарната диктатура!“, „Не сакаме да носиме маски!“, „Моќ на народот!“. Меѓу демонстрантите имало студенти и пензионери, работници и неколку претставници на „жолтите елеци“.
Полицијата само го обезбедувала протестот и не се мешала. Сепак, секој граѓанин кој не носел маска бил казнет.
Ново на Сител
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови