Во Германија потврдено присуството на африканска свинска чума
Лабораториската анализа на мртвата дива свиња, пронајдена во провинцијата Бранденбург, потврди дека африканската свинска чума е влезена во Германија, соопшти денеска министерот за земјоделство Јулија Клекнер.
-Сомнежот е потврден. Го имаме првиот случај на африканска свинска чума во Германија. Болеста не е опасна за луѓето, но е опасна за свињите, објасни таа.
Земјоделците се многу загрижени за овој случај, бидејќи тоа може да значи прекинување на извозот на свинско месо во земјите што не се членки на ЕУ, како што се азиските.
Патем, на територијата на Бранденбургима околу 750.000 свињи во околу 170 фарми, каде што тие првенствено се занимаваат со снабдување на Германија со свинско месо, но и со извоз во други земји на ЕУ.
Овие фарми сега може да бидат погодени од мерките што ќе се воведат од германските власти за да се спречи ширењето на заразата низ целата земја.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран