Во германскиот авион што принудно слета во Кувајт не е пронајдена бомба
Во патничкиот авион на германската компанија „Еуровингс“, што претпладнево принудно слета на аеродромот во Кувајт поради „закана од бомба“, не е пронајдена никаква експлозивна направа, соопшти кувајтската Аленција за цивилно воздухопловство.
Пилотот на авионот од типот „Ербас А330-203“, што леташе на чартер релација од Келн до оманскиот град Салалах, според медиумските информации, побарал да му биде дозволено итно слетување на меѓународниот аеродром во Кувајт поради „закана од бомба“.
Засега нема детали за каков тип на „закана од бомба“ станувало збор.
Во авионот се наоѓале 286 патници и 10 членови на екипажот, кои веднаш по слетувањето се евакуирани од леталото.
По евакуацијата на патниците и членовите на екипажот, кувајтските безбедносни сили го пребараа леталото, но во него не најдоа никаков експлозив или бомба.
Ново на Сител
-
Почетокот на ГН на Австралија може да биде одложен поради закана од силен дожд
-
Омерагиќ: Во ФФМ затекнав состојба покомплицирана од очекуваното
-
Сабаленка пред финалето со Андреева: Како да играат стара мајка со дете
-
Во Илинден пронајдени човечки коски во шахта
-
АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор
-
Јанц: И реваншот против Македонците ќе биде предизвик
-
Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето
-
Стармер: Путин не е сериозен во врска со мирот