Во Гевгелија одбележан Денот на независноста
По повод 25-годишнината од независноста и сувереноста на Република Македонија, делегација на општина Гевгелија предводена од градоначалникот Иван Франгов и претседателот на општинскиот Совет, Драги Хаџи-Николов, денеска положи цвеќе на споменикот на лицата прогонувани, затворани и убивани за идеите на независна Македонија, пред Спомен костурницата на паднатите борци во НОБ и пред споменикот на Сава Михајлов.
Во оваа свечена пригода беше истакнато дека на овој ден пред 25 години, преку референдум 95 отсто македонски граѓани се изјасниле дека сакаат да живеат во самостојна и суверена Македонија со што го оствариле вековниот идеал на сите знаени и незнаени борци кои ги положија своите животи за независна Македонија.
Прославата на денот на незавиноста на Македонија во општина Гевгелија почна уште синоќа со отворањето на изложбата „Кокино-мистичен шепот на вечнота“ од авторот Љупчо Илиевски и со рок симфонијата во изведба на камерниот оркестар од Битола.
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари