Во Гевгелија почна да се гради модуларниот Ковид центар
Во Гевгелија почнаа подготвителните работи за поставување на регионалната модуларна Ковид болница за прием и тријажа на Ковид пациенти која ќе биде една од шеснаесетте во земјава што ги најави Министерството за здравство.
Општина Гевгелија почна со реализација на својот дел на теренот што се состои во обезбедување на приклучоци за вода, канализација, струја како и целосно уредување на локацијата.
-На терен се изведуваат работите кои се надлежност на локалната самоуправа и очекувам инфраструктурното уредување на локацијата да заврши до крајот на оваа недела. Од почетокот на идната недела, фирмата изведувач од Валандово, ќе ги донесе контејнерите за изградба, по што според нивното деловно ветување, очекуваме за две недели или најдоцна до првата декада на месец декември, Ковид болницата да биде градежно подигната и инсталациски поврзана со системот на гевгелиската Општа болница, рече градоначалникот Сашо Поцков.
На површина од околу 400 метри квадратни, Ковид болницата ќе има дел за подготовка на персоналот,оддел за земање брис и тестирање за присуство на корона вирусот по што ќе се знае дали пациентот останува во ковид стационарот или ќе се упати на лекување на друго специјалистичко одделение во болницата во Гевгелија.
Од Општата болница во Гевгелија, каде моментната состојба се оценува како стабилна,велат дека со Ковид болницата ќе добијат на располагање уште четириесетина кревети за болничко сместување и лекување на ковид пациенти.
Ново на Сител
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
