Во Гевгелија промовирна нова поетска книга на Стефчо Стефанов
Во организација на градската библиотека од Гевгелија, денеска беше промовирана третата поетска книга на македонскиот автор Стефчо Стефанов од Гевгелија, насловена „Стихови со црвени намери“ која е составена од 53 песни.
- Стефчо Стефанов е автентичен поет. Опседнат е со поезијата и секогаш е со неа, кога работи, кога одмора и кога спие. Неговите песни се топли, скриени и откриени,г ладни, искрени и гласни, напишани и нацртани и „аџамијски“, рече академик Катица Ќулафкова која беше промотор на настанот.
Професорот Владимир Мартиновски во поговорот за книгата напишал дека поетскиот „аџамилак“ на Стефанов нема потреба од пофалби, но и дека не може да се премолчи затоа што песните се вчудовидувачки полетни, полни со здрав хумор и хипнотички заразни и оти оваа книга претставува смела диверзија на ситните, излитени и очекувани „поетски трикови“.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД