Македонија
23. April 2016 - 12:31

Во Гевгелија се одржа општинскиот натпревар „Детски семафор 2016“

Во Гевгелија денеска се одржа општинскиот натпревар „Детски семафор 2016“, во организација на општинана, Советот за безбедност на сообраќајот и претставници од училиштата и полицијата.

Согласно програмата која се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука и МВР, на традиционалната сообраќајно воспитна манифестација се натпреваруваа ученици од гевгелиските осносвни училишта „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков“ и од училиштето „Ристо Шуклев“ од Негорци.

Пласман на регионалниот натпревар кој ќе се одржи во Струмица на 7 мај, од малата група обезбедија Јована Ѓореска, Христина Каламска, Петар Шуклев и Ангел Катарџиев ,а од големата група за Струмица ќе патуваат Кирил Стојков и Вили Ристова, како и Трајче Јованов во категоријата за мороцикл.

Најуспешните натпреварувачи од организаторите беа наградени со велосипеди,кациги за велосипед и мотор и штитници за раце и нозе.