Во Гевгелија спроведени две крводарителски акции

Во две одвоени акции во Гевгелија во организација на општинскиот Црвен крст и екипа од службата за трансфузиологија од гевгелиската општа болница собрани се вкупно 71 единица крв. Денеска во гимназијата во Гевгелија крв даруваа 38 гимназијалците, а 33 единици крв пред два дена беа собрани во акцијата што се реализираше заедно со фондацијата ,,Аполонија“.
- Од почетокот на годината до сега организиравме шест крводарителски акции од кои собравме вкупно 230 крвни единици не сметајќи ги оние што секојдневно се собираат во службата за транфузиологија во општата болница. Резултатот што го остваривме на полето на крводарувањето во првиот квартал од годината е над нашите очекувања и се надевам дека со исто темпо ќе продолжиме во текот на целата оваа година, рече секретарот на гевгелискиот Црвен крст, Младен Бундов.
Тој посочи дека следната акција ќе ја организираат со хуманитарното здружение на граѓани ,,Ристо Калеников,, веднаш по велигденскиот пост, односно во првата декада од месец мај.
Ново на Сител
-

Гимназијалецот Јордан Ангелески го фати светиот крст и е најсреќен на Водици во Прилеп
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга
-

Честитка од Ѓорѓиевски за Водици: Нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение
-

Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
-

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"
-

Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст
