Македонија
26. December 2016 - 11:14

Во Гевгелија живините светилки заменети со штедливи натриумови

Со замената на живините светилки со нови штедливи натриумови, потрошувачката на електрична енергија во мрежата на уличното осветлување во општина Гевгелија е намалена за 20 отсто, беше соопштено на денешната јавна презентација на системот 48 часа од страна на службата надлежна за сумирање и споредување на резултатите.

Од службата за пример беше посочено селото Моин каде што потрошувачката на струја во мрежета на уличното осветлување од 3.000 е намалена на 2.400 киловати како резултат на замената на живините со штедливи натриумови сијалици и тоа само по инсталираните нови линии во населеното место.

По примерот од Моин, од општина Гевгелија нагласија дека во иднина ќе се заложат на местото на живините, задолжително да се ставаат натриумови сијалици се додека не се изврши замената на сите улични сијалични места.