Во Гостивар до 13 часот на гласање излегле околу 18 проценти од избирачите

Во општина Гостивар, според податоците на Општинската изборна комисија ОИК, до 13 часот правото на глас го искористиле 14.488 лица или 18,21 проценти.
Изборниот процес во оваа полошка општина засега се одвива без посериозни потешкотии или нарушувања на изборниот процес. Комисијата регистрирала неколку технички проблеми на неколку изборни места, но процесот не е прекинат.
Во избирачкиот список за општина Гостивар има вкупно 79.569 лица кои гласаат на 121 избирачко место. Во општина Врапчиште на 39 избирачки места гласале 3.848 лица или 15,17 отсто од вкупно запишани 25.377 лица.
Во општина Маврово – Ростуше до 13 часот на гласање излегле 1.731 лица, или 17,5 проценти, во најмалата по бројност општина во гостиварскиот регион во избирачкиот список се запишани 9.847 лица кои гласаат на 39 избирачки места. з
Ново на Сител
-

Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
-

Најмалку едно лице загина во експлозија во хрватскиот град Сплит
-

Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
-

Ден на планетата Земја
-

Лејкерси го зголемија водството во серијата против Хјустон
-

Интер се врати од негатива од 0:2 и го победи Комо во полуфиналето на Купот на Италија
