Во гостиварско почна попишувањето на населението, обезбедени се сите услови
Пописот на населението, домаќинствата и становите во гостиварско се одвива во 317 пописни региони и според општинската пописна комисија обезбедени се сите услови.
Инструкторот од Државниот завод за статистика Зирап Адеми, кој го следи процесот на попишување, е оптимист дека оваа статистичка операција ќе биде спроведена успешно.
– Попишувачите ќе бидат на терен од 8 до 20 часот и првично ќе попишуваат од три до четир семејства дневно. Планот предвидува оваа бројка да достигне до десет семејства во еден ден, изјави Адеми.
Од вкупниот број попишувачи, над 70 проценти се вакцинирани. Доколку некое семејство одбие да биде попишано од невакцинирани лица, тие ќе бидат заменети со попишувачи кои имаат примено вакцина против Ковид 19.
Во гостиварско има 170 попишувачи, четири помалку од предвиденото. Според информациите од општинската пописна комисија, непополнет е бројот на попишувачи за македонската заедница, додека за останатите по третиот конкурс пополнети се планираните места.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
