Во грчки брод закотвен на атинското пристаниште 119 лица се заразени со Ковид-19
Во изминатите 24 часа во Грција, уште три лица починаа од коронавирусот, зголемувајќи го на 53, бројот на жртвите, додека пак регистрирани се 27 нови случаи на Ковид-19 и уште 23 други во бегаласкиот камп „Рицона“, а анализирани се 18.844 примероци.
Паралелно, како што беше соопштено на денешната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, на бродот „Елефтериос Венизелос“ што тргнал од Турција за Шпанија, но е закотвен на атинското пристаниште Пиреас, 119 лица се заразени со Ковид-19, додека пак 250 од патниците се негативни на коронавирусот.
Заменик –министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, рече дека за лицата кои што се здрави ќе започне процесот на репатријација, а заразените, кои што немаат никакви здравствени проблеми, ќе останат во изолација на бродот.
Бродот, во сопственост на грчка компанија, бил најмен за од Турција да пренесе работници во Шпанија, но 15-ина дена по тргнувањето останал
закотвен во близина на Пиреас откако Турција одбила да го прими назад.
За време на постапката за репатријација на патниците, бил откриен првиот случај на Ковид-19, по што бил направен тест и на останатите над 380 лица.
Вкупниот број на позитивни случаи на Ковид-19 во Грција, денеска изнесува 1.514, вклучително и заразените во бегалскиот камп, но и екипажот на бродот.
Хардаљас рече дека бил регистриран и првиот позитивен случај на островот Миконос, заразената жена била пренесена во болница во Атина и најави дека се одложени сите градежни работи на островот.
Истовремено, упати повик до жителите на островот да останат дома.
Ново на Сител
-
Американските сили нападнаа цели на јеменските бунтовници Хути
-
Приведено лице од Битола осомничено за кражба на автомобил
-
ЕВРО2024: Две пива по лице на дуелот меѓу Англија и Србија
-
Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Самитот за мир во Украина
-
Во Скопје казнети 132 возачи
-
САД за уште една година ја продолжија уредбата за вонредна ситуација на Западен Балкан
-
Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина
-
Викендов стабилно со пораст на дневната температура, од понеделник повторно локален дожд и грмежи попладне