Во Грција 2.013 нови случаи и 101 починат од Ковид-19
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.013 нови случаи на Ковид-19, а почина уште 101 лице, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.
Професорката епидемиолог Вана Папаевнгелу, која е член на надлежната комисија во Министерството за здравство на Грција, на денешната редовна прес конференција за Ковид-19 рече дека се намалува бројот на нови случаи, а во текот на следната седмица се очекува да се намали бројот на хоспитализирани лица и објасни дека процените се дека во овој момент во Грција има над 25.000 активни случаи.
Паралелно истакна дека е исполнет 88 отсто од капацитетот на Одделите за интензивна нега во болниците во цела Грција.
Од новите случаи, најголемиот број повторно е во Солун -545 е новозаразени лица, во областа Атика се 319 и 106 во Лариса.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас рече дека во изминатите две седмици 18 од 74 региони се со лоша епидемиолошка слика.
Од почетокот на епидемијата во Грција, регистрирани се вкупно 101.287 позитивни случаи на Ковид-19, а починаа 2.102 лица.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228