Балкан
20. October 2016 - 17:36

Во Грција годинава изгореа над 300.000 декари шума

Повеќе од 300.000 декари шумска површина изгоре во летните пожари во Грција, што беа едни од најголемите во последните години, соопшти грчката филијала на Светскиот фонд за заштита на природата.

Фондот прецизира дека во пожарите изгореле 302.000 декари шума.

Најголеми штети пожарите предизвикале на островите Хиос, Евбеја и Крит, како и областа Атика, реонот околу Лариса, островот Закинтос, Андрос и Самос.

- За жал и годинава имаше многу пожари поради невнимателност, истакна координаторот на Светскиот фонд за заштита на природата за Грција.