Балкан
10. August 2019 - 11:29

Во Грција прогласен највисок степен на опасност од шумски пожари

Командантот на грчката Национална противпожарна служба, Василеос Матајопулос, вчера прогласи највисок степен на опасност од шумски пожари во целата земја.

Како што објави АНА, оваа одлука ќе биде во сила во наредните три дена. Ова подразбира дека противпожарните, полициските и воените сили заеднички ќе патролираат на целата територија, додека сите други државни служби, како и локалните власти, исто така, ќе бидат во готовност.