Во Грција разбиена криминална организација која криумчела мигранти и им издавала фалсификувани патни исправи

Грчката полиција во соработка со Интерпол разби криминална организација која по неколку конкретни рути, по копно или авионски, од Грција нелегално пренесувала мигранти во централна и северна Европа со фалсификувани патни исправи и конкретен ценовник од 4.600 до 7.000 евра, во зависност од крајната дестинација и начинот на пренесување, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека криминалната организација се товари за криумчарење мигранти и фалсификување патни исправи, уапсени се осум странски државјани – членови на организацијата, откриени 195 случаи на фалсификување на над 577 патни исправи и нелегално пренесување на најмалку 66 мигранти со стекнат нелегален профит од над 550.000 евра.
Станува збор за повеќемесечна истрага, а членовите на криминалната организација биле активни најмалку од почетокот на 2021 година во професионалното криумчарење мигранти од Субсахарска Африка, со почетна дестинација Грција и крајна дестинација Централна и Северна Европа, главно во Италија, Германија и Холандија.
До крајните дестинации мигрантите стигнувале нелегално со фалсификувани документи авионски, но и преку балканската рута, односно преку Северна Македонија или Албанија.
Секој од мигрантите за да стигне до некоја од европските земји плаќал конкретен паричен износ, а согласно ценовникот што го објави грчката полиција, најскапо, 7.000 евра било авионското „патување“ од Грција за Италија со придружник, додека, пак, без придружник било 5.000 евра.
За пренесување од Египет во Грција мигрантите плаќале 5.600 евра, од Грција за Холандија 5.100 евра, а од Грција за Италија преку Албанија 4.600 евра.
За реализирање на „патувањата“, криумчарите на мигрантите им издавале фалсификувани документи за кои во Атина постоела нелегална работилница и дополнителен ценовник за патните исправи.
Меѓу 150 и 700 евра биле цените за фалсификуваните документи во зависност од тоа дали се работи за виза, лична карта или пасош, но и во зависност од тоа дали фалсификуваниот патен документ е од Грција, Италија, Франција, Португалија или Велика Британија.
При истрагата на полицијата во Атина, биле уапсени осум лица и откриени голем број пасоши, лични карти, дозволи за престој, визи итн.
Ново на Сител
-

Опожарено возило во населба Драчево, нема повредени
-

Брнабиќ: Односот на ЕУ кон Северна Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата
-

Приведени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола
-

Мицкоски: Македонија и Словенија ќе ја продлабочуваат политичката и економската соработка
-

Приведени три лица, а вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
-

Д-р Гавриловска Брзанов со повик за поддршка на органодарителството
-

Г.г. Стефан на молебенот за св Кирил: Вашето дело не исчезна со вековите, вашата жртва раѓа нови плодови
