-->
-->
Во Грција регистрирани осум смртни случаи од грип
-->

За помалку од десет дена, седум лица починале од сезонски грип во Грција, а вкупниот број регистрирани смртни случаи од октомври достигна осум, покажуваат податоците на грчката Национална организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.
Заклучно со вчера, на интензивна нега биле хоспитализирани 24 сериозни случаи на лабораториски потврден грип, а осум лица починале, од кои повеќето претходно имале здравствени проблеми.
Од националната организација за јавно здравје на Грција велат дека и во следните седмици ќе биде на високо ниво активноста на вирусот и како и секоја година до средината на март се очекува да има и други случаи на заболени од сезонски грип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Активни три пожари на отворено - гори депонија во Арачиново и ниска вегетација во Грчец
-

МВР: Лишени 20 возачи од слобода, 16 возеле без возачка дозвола
-

Трамп: Повторно ќе го „удриме Иран многу силно“ ако не го запре Хезболах
-

Приведени четири лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Бојан Илиевски е победник на големото музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“
-

Приведени уште четири лица осомничени за проневерата во ФФМ
-

Пезешкијан: Писмено ќе потврдиме дека нема да правиме атомска бомба, но не се откажуваме од збогатување ураниум
-

15-годишно девојче пробало да се самоубие бидејќи не можело да ги издржи заканите и агресивното однесување од таткото
