Во Грција зголемен бројот на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19
Бројот на заразени, на хоспитализирани, на приклучени на апарати, но и на починати од Ковид-19 во Грција, бележи зголемување во периодот од 4 до 10 декември, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Во конкретниот период регистрирани биле 48 смртни случаи на возраст од 58 до 99 години, бројка поголема во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири недели.
Хоспитализирани биле 1. 176 лица, за 38 отсто повеќе од просекот, а пораст има и на пациентите приклучени на апарати.
Позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на претходната седмица, додека пак најзастапена подваријанта е EG. 5 (Ерис) со 40 отсто, а следи XBB. 1. 5 (Кракен) со 29 проценти.
Веќе подолг период, Националната организација за јавно здравје на Грција го промени начинот на следење на Ковид-19 и извештаите што се објавуваат еднаш седмично се описни и детални, без конкретни бројки на новозаразени, како што беше случај во текот на пандемијата.
Ново на Сител
-
Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија
-
Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
-
Дејан Митровски - Урко реизбран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија
-
АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија
-
Ердоган повторно повика на нов устав
-
Кремљ објави дека се уште нема планови за разговори со Трамп
-
Водата во Скопје санитарно исправна, вонреден мониторинг по завчерашниот прекин на снабдувањето
-
ChatGPT критикуван за користење руски пропагандни извори