Балкан
15. December 2023 - 9:29

Во Грција зголемен бројот на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19

Бројот на заразени, на хоспитализирани, на приклучени на апарати, но и на починати од Ковид-19 во Грција, бележи зголемување во периодот од 4 до 10 декември, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во конкретниот период регистрирани биле 48 смртни случаи на возраст од 58 до 99 години, бројка поголема во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири недели.

Хоспитализирани биле 1. 176 лица, за 38 отсто повеќе од просекот, а пораст има и на пациентите приклучени на апарати.

Позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на претходната седмица, додека пак најзастапена подваријанта е EG. 5 (Ерис) со 40 отсто, а следи XBB. 1. 5 (Кракен) со 29 проценти.

Веќе подолг период, Националната организација за јавно здравје на Грција го промени начинот на следење на Ковид-19 и извештаите што се објавуваат еднаш седмично се описни и детални, без конкретни бројки на новозаразени, како што беше случај во текот на пандемијата.