Во Хрватска ќе се испитуваат случаите на вакцинирање преку ред
Хрватскиот министер за здравство Вили Берош порача дека сите случаи на вакцинирање преку ред заслужуваат најостри осуди, особено ако со тоа некој од граѓаните е лишен од своето право, и поради тоа ќе побара испитување на сите случаи кои се споменуваат во медиумите.
Со планот за вакцинација против Ковид-19, усвоен од хрватската Влада, овозможено е секој полнолетен граѓанин на Хрватска да добие бесплатна вакцина и одредено е кои групи на граѓани имаат приоритет при имунизацијата, напиша Берош на својот фејсбук-профил.
Тој истакна дека сите оправдани отстапки од утврдените приоритети треба да се образложат, како што беа случаите за вакцинација во Сисачко-мославинската жупанија по земјотресот, со цел да се заштити здравјето на лицата кои се наоѓале таму во тој период.
Министерството за здравство повика сите оние кои се задолжени за спроведување на вакцинацијата да се придржуваат кон утврдените приоритети и да се испитаат сите спорни случаи.
– Сите оние поединци кои го искористиле правото на вакцинирање на штета врз други, ќе мора да се соочат со морална одговорност пред хрватската јавност, заклучи Берош.
Хрватските медиуми објавија дека ректорот на Универзитетот во Загреб, Дамир Борас и неговата сопруга се вакцинирале преку ред во Клиниката за стоматологија во Загреб.
Ново на Сител
-
Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина
-
Австрија прв противник на македонските ракометари во Главната рунда на СП 2025
-
Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“
-
Десет загинати и 32 повредени во пожар во хотел во ски центар во Турција
-
Врнежи од снег на планинските превои, магла на патните правци Скопје-Тетово и Велес-Катланово
-
Дел од булеварот „Партизански одреди“ без вода
-
Наутро магливо, преку ден со повремени врнежи од дожд и снег
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД