Во Хрватска повик за еднодневен бојкот за купување во пекарите и пекарски производи поради високите цени
Платформата „Ало, инспекторе“, која со недели организира бојкот на продавниците, сега повикува на нов бојкот во Хрватска. Откако во вторникот објавија дека ги контактирале средношколците револтирани од скапите производи во пекарите, плаформата на Фејсбук објави што понатаму бојкотираат.
„Да ја поддржиме иницијативата на средношколците! Да го бојкотираме купувањето во пекари и продавници: леб, бурек, пецива, крофни и други пекарски производи. Ајде да го прекинеме купувањето на еден ден“.
Тој бојкот е резултат и на вашите постојани двегодишни предупредувања за енормното поскапување на лебот, бурекот, пецивата, крофните… Како и намалената тежина (смалувањето!), квалитетот, неиздавањето фактури итн.
Бојкотот е резултат и на незадоволството на потрошувачите поради непостапувањето на државните органи, кои молчат и гледаат како потрошувачите „чепкаат“ во пекарите и продавниците по намалувањето на ДДВ за леб, јајца, масло и други производи.
Родители, баби и дедовци, роднини, пријатели – да ја поддржиме нашата младина. „Не купуваме во петок, 14 февруари 2025 година“, напишаа тие.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.