Во Хрватска се одржува втор круг од локалните избори
Втор круг на локалните избори се одржува денеска во Хрватска, по што ќе биде јасно кои од кандидатите ќе бидат градоначалници на најголемите градови во земјата во следните четири години.
Во вториот круг гласачите ќе изберат вкупно 14 жупани, градоначалник на Загреб, кој има статус на жупанија, 56 градоначалници и 87 општински градоначалници, објави агенцијата Хина. Денешните избори се одржуваат во 432 града и општини, на речиси 5.500 избирачки места, право на глас имаат 3.231.000 гласачи, испечатени се 4,1 милион гласачки ливчиња, кои заедно со останатиот изборен материјал ги презедоа вчера избирачките одбори.
И покрај бројот на изборни единици, во кои се одржува вториот круг од изборите, политичката јавност со посебно внимание ги очекува резултатите во главниот град Загреб, каде се соочуваат Томислав Томашевиќ (Можеме) и Мирослав Шкоро (Татковинско движење – ДП); во Сплит, каде за градоначалничкото место се натпреваруваат Ивица Пуљак (Центар) и Вице Михановиќ (Хрватска демократска заедница – ХДЗ); во Риека, каде конкуренти се Марко Филиповиќ (Социјалдемократска партија на Хрватска – СДП) и независниот Давор Штимац; во Осијек; каде силите ги мерат Иван Радиќ од ХДЗ и Берислав Млинаревиќ (ДП, Мост).
Првите резултати од вториот круг на изборите ќе ги објави Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб-страница во 20 часот, а ќе се ажурираат на секои десет минути. Доколку се случи двајца кандидати да добијат ист број на гласови, тогаш ќе биде одржан трет изборен круг.
Ново на Сител
-
Запленетиот кокаин во Скопје припаѓал на нарко групата на Штекли, напиша Јанев | ФОТО
-
До крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за потрошувачката кошничка, вели Дурмиши
-
Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес
-
Дурмиши: Утре или најдоцна задутре треба да се достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите до Владата
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа