Во Иран одобрен контроверзниот предлог-закон за носење хиџаб и построги казни

Посебна иранска парламентарна комисија го одобри контроверзниот предлог-закон со кој се воведуваат построги кодекси на облекување, што веќе и онака се строги, објави новинската агенција Тасним.
Новите правила, што се уште не стапиле во сила, предвидуваат построги казни за оние кои не ги почитуваат исламските правила
Странските државјанки, кои се противат на законот, може да бидат протерани од земјата. Навреда на „затворена“ жена може да резултира со шест месеци затвор и 74 удари со камшик. Реформата е одговор на политичкото раководство на земјата на антивладините протести предводени од жените во текот на цела есен 2022 година.
Протестите беа поттикнати од смртта во притвор на млада Иранка со курдско потекло, која беше уапсена поради наводно кршење на правилата за облекување во јавноста.
Протестите се смирија, но многу жени во градовите одбиваат да носат превез како знак на тивок протест.
Носењето хиџаб во Иран е пропишано со закон повеќе од 40 години.
Ново на Сител
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
