Во Иран спречени два напада во пресрет на изборите

Иранските служби за безбедност спречиле два напада во пресрет на вчерашните избори за нов состав на Парламентот и за Советот на експерти, изјави министерот за разузнавање на Исламска република Махмуд Алави.
- Силите за безбедност и разузнавање на Ирак успеаја да осуетат два терористички напади пред изборите в петок, нагласи Алави.
Тој истакна дека во пресрет на изборите во Иран биле спроведени две антитерористички операции.
Алави појасни дека на 8 февруари покрај југозападната граница на Иран биле уапсени терористи, била конфискувана муниција, две бомби, експлозиви и гранати.
- По добиените разузнавачки податоци, дека група терористи ќе проникнат во Иран преку северозападната граница, на 24 февруари, два дена пред изборите силите на редот уапсија на иранска територија група од четворица диверзанти. Од нив се одземени шест појаси со експлозиви, електронски направи, други експлозиви, сензори и камери од британско производство, изјави Алави.
Ново на Сител
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
