Балкан
3. February 2016 - 19:01

Во Истанбул приведени осуммина криумчари со луѓе и одземени голем број фалсификувани пасоши

Полицијата во Истанбул приведе осуммина осомничени шверцери со луѓе и одзела големо количество фалсификувани пасоши, јави Анадолија.

Во соопштение на полицијата се наведува дека осомничените се приведени во рација во 14 куќи во Истанбул.

Полицијата одзела над илјада фалсификувани или украдени пасоши и други документи кои веројатно би биле користени за пренесување луѓе во европски држави. Одземени се и материјали за изработка на фалсификувани пасоши. Меѓу приведените се и двајца Сиријци, наведува Анадолија.